|
Шеста форумска сесија во Свети Николе |
|
29.05.2009. |
|
Околу 70 жители на Свети Николе присуствуваа на шестата форумска сесија, што во рамки на програмата “Форуми во заедницата“, се одржа на 28 мај, во големата сала на општината.
Претставниците на пет работни групи ги презентираа предлог-проектите, што на иницијатива и предлог на Светиниколчани, се разработуваа изминатите месеци, а со цел посочување и решавање на приоритетни прашања од нивниот секојдневен живот.
Присутните дебатираа за пет предлог-проекти и предлог-буџети - „Отворена врата Младински центар„, „Спортувај и биди среќен„, „Чекор напред кон вработување“,„Различни а еднакви„ и “Подадена рака“.
Форумот реши сите пет предлог-проекти да се финализираат и да се претстават пред Програмскиот одбор на Програмата со цел конечно одобрување, пред да се гласаат на наредниот, седми Форум.
Програмата “Форуми во заедницата“ во општина Свети Николе ја спроведува Центарот за институционален развој (ЦИРа), а финансиски е поддржана од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) во соработка со општината.
Освен Свети Николе, во оваа фаза се вклучени и општините Сарај, Долнени, Ресен, Битола, Кочани, Ново Село и Берово.
|