Петта сесија во Дебар - поддршка на понудените проекти
27.10.2008.
   Околу 100 граѓани учествуваа на Петтата форумска сесија во рамки на програмата “Форуми во заедницата“, што се одржа на 24 октомври во Домот на културата во Дебар.
    Сесијата ја карактеризираше силната подршка што ја добија понудените предлог проекти во сферата на едукацијата и инфраструктурата, од областа на на образованието во општината.
    Презентирани беа предлог-проектите во сферата на едукацијата како што се - Забавен парк, Полигон за обука на возачи, формирање на Образовниот културен центар за млади и Едукација на млади алпинисти, за што имаше и одредени препораки, но генерално, предлозите беа прифатени.
    Слично помина и презентацијата на предлог проектите во областа на инфраструктурата, како што се - Уредување на дворот на градинката “Брешија“, Санација на фасадата на основното училиште ,“Братство-Единство“, Обезбедување на литература за истото училиште, реконструкција на системот за затоплување во ОУ,,Сад најдени,, и зградата на гимназијата.
    И на оваа сесија, речиси сите девет работни групи дадоа прилог во однос на препораки за подоследно презентирање на проектите.
    Двајца учесници на сесијата, Семие Баланца и Гоце Лубиновски, ни изјавија дека веруваат оти на последната сесија на која ќе се бираат проектите што ќе се финансираат, ќе има разбирање за оние проекти што се најпотребни за граѓаните.
    Тие велат дека понудените предлог проекти се потреба на градот, но додадоа оти сепак, објективно е да се мисли дека средства за сите понудени проекти нема.
    Џеладин Имеровски, советник во општина Дебар, посочи дека е добро што се подготвени и оние проекти што нема да добијат финансиска поддршка, за да можат да се финансираат со други средства.