Рангирање на буџетските програми и проекти во Боговиње Shtyp
E martë, 25 Dhetor 2012 12:49
bogovinje-golema.jpg Петтата форумска сесија во Боговиње, каде жителите на општината ги рангираа најприоритетните проекти од буџетските програми и избраа најважна програма, се одржа на 19 декември, во присуство на 130 учесници. Форумот, во текот на сесијата, направи рангирање на буџетските програми и проекти, што како предлози на граѓаните ќе се вклучат во буџетот за 2013 година. Прворангирана беше програмата за образование, спорт и култура, а проектите се рангираа по 15 најприоритетни на секоја работна маса од форумот. Целта на рангирањето беше да се следи динамиката на реализација на проектите во 2013 година.