Жителите на Брвеница се одлучија за изградба на тротоари Shtyp
E enjte, 01 Mars 2012 11:17
5_brvenica_-_golema.jpg   Изградба на тротоари во селата Челопек, Брвеница и Долно Седларце е проектот што го избраа жителите на општина Брвеница во рамки на програмата “Форуми во заедницата“.
    Форумот, на петтата сесија што се одржа на 27.февруари во ресторанот Бал Ком, презентираше пет предлог-проекти, во присуство на 93 жители.
    Вкупниот буџет на проектот во општина Брвеница изнесува 3.752.377 денари што го надминува Проектниот фонд од 2.800.000 денари.
   Дополнителните средства ќе ги обезбеди општината.