Форуми во заедницата

МакедонскиEnglishShqip
МЦМС Печати Е-пошта
Петок, 18 Април 2008 16:26
МЦМС е граѓанска организација која верува во мир, хармонија и просперитет на Македонија и Балканот, засновани на универзалните принципи на граѓанското општество и партиципативната демократија, добро владеење, рамномерен социоекономски развој, меѓузависноста и културната разновидност.
МЦМС се стреми да поттикнува и предводи промени за решавање на општествените предизвици со иновации и воспоставување алтернативни модели вклучувајќи ги во главните текови.
   
Долгорочни цели на МЦМС се:
    - Рамномерен и одржлив економски развој кој води во социјална кохезија и намалување на сиромаштијата преку рурален и регионален развој, вработување, претприемништво, образование и пристап до јавни сервиси;
    - Диверзифицирано и вкоренето граѓанско општество кое промовира вклученост на голем број интересни групи кои влијаат на главните текови на општественото живеење;
    - Праведно и демократско општество засновано на принципите на добро владеење, децентрализиран систем на управување и висок степен на доверба;
    -  Прифатена културна разновидност, меѓузависност и дијалог одразени во сите сфери на јавниот живот;
    - Воспоставени партнерства за развој и зајакнат социјален капитал.
   
МЦМС активностите ги остварува преку:
    - Застапување;
    - Развој на капацитетите;
    - Вмрежување и партнерство;
    - Кофинансирање;
    - Информации – односи со јавност.
   
    МЦМС е член на:
    - ECOSOC
    - ACT International
    - CIVICUS
    - Балканската мрежа за развој на граѓанското општество и
    - Граѓанската платформа на Македонија.

    Адреса на МЦМС:
    Ул. Никола Парапунов, бб., поштенски фах 55, 1060 Скопје
    Тел: 02/3065 381
    Факс: 02/3065 298
    E-mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
    www.mcms.org.mk
    www.graganskisvet.org.mk

Share
 

Следете нé на

FacebookTwitter

Општински буџет за граѓаните

оpstinski-budzet-1

Прирачник: Форуми во заедницата во 11 чекори

priracnik-11-cekori-MK

 

Priracnik-Forum-vo-zaednicata-MKD-1

Билтен | Септември 2016


Forumi vo zaednicata Sep 2016 MKD-1

Билтен | Март 2016


forumi-bilten-4-mk

Билтен | Септември 2015


bilten-septemvri-2015-mk-1

Билтен | Февруари 2015


Forumi vo zaednicata Mart 2015 MKD
мкдтур
„Форуми во заедницата“ е програма на Швајцарската агенција за развој и соработкa имплементирана од Единицата за координација на форумите fioom