Форуми во заедницата

МакедонскиEnglishShqip
За програмата - Структура на Форумот Печати Е-пошта
Четврток, 03 Април 2008 12:14
На Форумот учествуваат сите заинтересирани граѓани од општината на возраст над 16 години. Вообичаено, Форумот го сочинуваат во просек десет работни маси, секоја составена од 3 до 10 учесници. Работните маси ги претставуваат различните социо-економски интереси и гледишта на заедницата. Тие ги структурираат дискусиите на форумот и го дефинираат изборот на проектите. Сите работни маси имаат еднакви права и „тежина“ при изборот на проектите. 
 
При конституирањето на масите од страна на Форумот, треба да се земе предвид следново:
Жените треба да бидат претставени со не помалку од 40 проценти. Етничките малцинства треба да бидат дел од работните маси, во согласност со нивните социо-економски интереси. Наместо да се формираат посебни НВО-работни маси, невладините организации треба да учествуваат во дискусии на теми поврзани со нивната мисија и теренски активности.
 
Меѓу работните маси, задолжително се формираат следниве: 
 
Работна маса на општината;
Работна маса на оперативната група (којашто не учествува во дискусиите и во изборот на проектите).
Времени работни групи се формираат за работа во периодот меѓу две сесии. Тие подготвуваат информации за темата за којашто ќе се дискутира, собираат повратни информации во врска со проблемите и решенијата, и ги развиваат проектните идеи во проекти.
 
Share
 

Следете нé на

FacebookTwitter

Партнер на програмата

zels-logo


Општински буџет за граѓаните

оpstinski-budzet-1

Прирачник: Форуми во заедницата во 11 чекори

priracnik-11-cekori-MK

 

Priracnik-Forum-vo-zaednicata-MKD-1

Билтен | Септември 2016


Forumi vo zaednicata Sep 2016 MKD-1

Билтен | Март 2016


forumi-bilten-4-mk

Билтен | Септември 2015


bilten-septemvri-2015-mk-1

Билтен | Февруари 2015


Forumi vo zaednicata Mart 2015 MKD
мкдтур
„Форуми во заедницата“ е програма на Швајцарската агенција за развој и соработкa имплементирана од Единицата за координација на форумите fioom