Форуми во заедницата

МакедонскиEnglishShqip
За програмата - Активности Печати Е-пошта
Четврток, 03 Април 2008 12:12
Форумот претставува низа од 6 средби на граѓани (сесии) на кои учесниците, преку структуирани дискусии, елаборираат проблеми и нудат решенија за нив, истовремено давајќи и препораки за локалните институции. Форумот се одржува преку 5 (пет) сесии во континуитет од кои на последната сесија се одлучува за форумските прашања и теми. Шестата (последователна) сесија е информативна сесија чија цел е да ги информира граѓаните за реализираните решенија од форумот, по нивната реализација и за реализацијата на препораките дадени од форумот до општинската власт.
 
Заради поефикасно и подобро организирање на форумот се формираат работни групи и оперативна група. Форумот започнува со заедничка тема или проблем на кој преку структуирани дискусии, водени од надворешен, неутрален модератор, на неутрално место од јавен карактер, граѓаните се обидуваат да најдат решенија. 
 
Различните видови форуми имаат различни активности во текот на сесиите согласно типот на форум (проектен, буџетски и меѓуопштински).
 
Проектен – во текот на сесиите,  граѓаните бираат тема на форумот од оние што, како приоритетни, ги предложила општината, ги идентификуваат, дефинираат и групираат проблеми и решенијата во рамки на темата,  се презентираат и дискутираат извештаите на работните групи коишто направиле истражувања за секоја група на проблеми, се презентираат концепт-проектите, активностите и буџетот на проектите, и на крај се избираат проектите кои ќе се реализираат со финансиска поддршка од општината и Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC).
 
Меѓуопштински – Процесот на избор на тема е сличен со процесот во проектниот форум, со тоа што предложените теми треба да бидат од заеднички интерес и важност за сите вклучени општини, а решавањето на проблемите кои произлегуваат од избраната тема да бара меѓуопштинска соработка. Кај овој тип на форум процесот тече исто како и кај проектниот форум, само што сесиите се одвиваат на принцип на ротација во секоја од општините, а превозот на учесниците “гости“ до местото каде што се одржува форумот е обезбедено од страна на општините.
 
Буџетски – Темата на буџетскиот форум е однапред дефинирана – подготовка на општинскиот буџет. На овој тип на форум претставник на општината ги запознава граѓаните со процесот на изготвување на општинскиот буџет и потоа ја претставува структурата на буџетот на општината. Работните маси се определени од буџетските корисници односно од надлежностите на општината, а учесниците не дискутираат за ставките за тековни трошоци на општината туку за развојни планови на општината и за капиталните инвестиции. На сесиите се дискутира и за приходите и расходите на буџетот на општината, а се дава и отчет за тоа како се спроведени проектите планирани во буџетските програми. Целта на овој форум е граѓаните да дадат свој придонес  во создавањето буџетот преку давање предлози за тоа како да се зголемат приходите на општината и каде да се  распределат трошоците согласно нивните потреби и приоритети. 
 
 
Share
 

Следете нé на

FacebookTwitter

Партнер на програмата

zels-logo


Општински буџет за граѓаните

оpstinski-budzet-1

Прирачник: Форуми во заедницата во 11 чекори

priracnik-11-cekori-MK

 

Priracnik-Forum-vo-zaednicata-MKD-1

Билтен | Септември 2016


Forumi vo zaednicata Sep 2016 MKD-1

Билтен | Март 2016


forumi-bilten-4-mk

Билтен | Септември 2015


bilten-septemvri-2015-mk-1

Билтен | Февруари 2015


Forumi vo zaednicata Mart 2015 MKD
мкдтур
„Форуми во заедницата“ е програма на Швајцарската агенција за развој и соработкa имплементирана од Единицата за координација на форумите fioom