Форуми во заедницата

МакедонскиEnglishShqip
АДИ Печати Е-пошта
Четврток, 02 Октомври 2008 17:35
Асоцијација за демократски иницијативи (АДИ) е мулти-етничка граѓанска организација со посебен консултативен статус при Економско-социјалниот Совет (ECOSOC) на Обединетите Нации.

Основана во Гостивар, Македонија во 1994, АДИ имплементира проекти во областа на човековите права и граѓанското општество, кои што ја промовираат демократијата и го поддржуваат мирот и стабилноста во Македонија и Југоисточна Европа. Нашите активности се фокусираат на застапување, едукација и јавно учество со помош на национални, регионални и меѓународни мрежи на волонтери и партнер организации.

За полесно исполнување на своите цели, АДИ има основано канцеларии во Косово (Приштина), Албанија (Тирана), Босна и Херцеговина (Сараево) и САД (Њујорк).
Активностите на АДИ се поделени во четири програми:
-    Човекови права
-    Бегалци, мигранти и ВРЛ
-    Демократија и граѓанско општество
-    Образование и млади

Активностите на АДИ во рамки на Програмата за човекови права, вклучуваат собирање информации за кршењето на човековите права, превод и дистрибуција на релевантни извештаи, документи и публикации од областа на човековите права на локалните јазици и организирање на семинари и работилници за соодветните меѓународни/национални инструменти и институции кои што работат на прашањата за заштита и промоција на човековите права.

Активностите на АДИ во рамки на Програмата за бегалци, мигранти и ВРЛ, вклучуваат правни анализи за сличностите и разликите помеѓу домашната легислатива и меѓународните стандарди, како и промоција на правната хармонизација.

Во рамки на Програмата за демократија и граѓанско општество, АДИ ги поддржува граѓаните, неформалните групи и граѓанските организации во градењето на нивните капацитети и развојот. АДИ исто така,  ја промовира вклученоста на граѓаните во процесот на одлучување и работи со институциите на локалната власт за да се обезбеди нивната транспарентност,  одговорност и вклученост.

Програмата за образование и млади е фокусирана на меѓуетничката соработка и интеркултурното учење. Во овој контекст, АДИ има иницирано неколку проекти кои ги промовираат сличностите помеѓу различните етнички групи во Македонија. Истовремено, АДИ работи на стимулација на партиципацијата на ранливите групи во програмите за доживотно учење со цел да развијат соодветни способности и вештини потребни за активно учество во економската сфера.

Контакт:
Асоцијација за демократски иницијативи (АДИ)
Бул. Браќа Ѓиноски 61, 3/3
1230 Гостивар
Тел. +389 42 22 11 00
Факс: +389 42 22 11 02
Email: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
Web: www.adi.org.mk
Share
 

Следете нé на

FacebookTwitter

Општински буџет за граѓаните

оpstinski-budzet-1

Прирачник: Форуми во заедницата во 11 чекори

priracnik-11-cekori-MK

 

Priracnik-Forum-vo-zaednicata-MKD-1

Билтен | Септември 2016


Forumi vo zaednicata Sep 2016 MKD-1

Билтен | Март 2016


forumi-bilten-4-mk

Билтен | Септември 2015


bilten-septemvri-2015-mk-1

Билтен | Февруари 2015


Forumi vo zaednicata Mart 2015 MKD
мкдтур
„Форуми во заедницата“ е програма на Швајцарската агенција за развој и соработкa имплементирана од Единицата за координација на форумите fioom