Насловна arrow Вклучени општини arrow Вклучени во 2008-2010 arrow Берово arrow Нови прозорци за три училишта и една градинка во Аеродром
Нови прозорци за три училишта и една градинка во Аеродром Испечати Е-пошта
20.08.2010.
Проектот за замена на прозорците во три училишта и една градинка во општина Аеродром, што го избраа граѓаните во рамки на програмата “Форуми во заедницата“, започна да се реализира на 18 август (среда).
picture_019-1.jpg
Почетокот на проектот го означија претставници на локалната заедница, на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) и Швајцарската амбасада, како донатор на програмата, и бројни медиуми и граѓани.
  „Во општината има различни групи граѓани и тие имаат различни проблеми. Но, тие треба заедно да седнат на маса и да одлучат кои проблеми бараат итни решенија“, изјави амбасадорката на Швајцарија Никол Вирш.
  Таа додаде дека конкретниот случај е мал дел од потребите на граѓаните што ги искажуваат на средбите на “Форумите во заедницата“.
Реализацијата на проектот, што опфати замена на прозорците во основните училишта “Блаже Конески“, “Браќа Миладиновци“, “Гоце Делчев“ и градинката “Изворче“, чини околу 7,1 милион денари од кои четири милони се донација на SDC, а 3,1 милион денари се учество на општината.
  Проектот го избраа граѓаните на општината на форумски сесии кои седум месеци се одржуваа во општината, а на кои ги презентираа своите приоритети за подобрување на нивниот секојдневниот живот.picture_006-1.jpg
  „Горд сум на фактот дека овој проект го реализираме со поддршка на Амбасадата на Република Швајцарија во Република Македонија и Швајцарската Агенција за развој и соработка на коишто и упатувам изрази на искрена благодарност од сите жителите на општина Аеродром“, изјави градоначалникот на општина Аеродром Ивица Коцевски.
  Благодарност за проектот искажа и министерот за образование Никола Тодоров, кој образложи дека проектот е доказ за свесноста на локалната власт и швајцарската Амбасада за потребата од вложување во образованието.
  Програмата “Форуми во заедницата“, во оваа фаза, се одвива во 12 општини – Берово, Дебар, Струмица, Могила-Новаци, Радовиш-Конче, Боговиње, Крушево, Гостивар, Аеродром и Македонски Брод.




 
Следно >


Кликнете на јазикот под сликата за соодвената верзија на Билтенот

bilten-mart-2012.jpg
мкд / алб / тур

Кликнете на јазикот под сликата за соодвената верзија на Билтенот

bilten_forumi_vo_zaednicata_noemvri.jpg
мкд / алб / тур

Билтен


Партнери

SDC   zels   FIOOM   CIRA   mcms-logo.jpg   ADI   ALKA