Насловна arrow Вклучени општини arrow Вклучени во 2008-2010 arrow Берово arrow Жителите на Гостивар гласаа за проектот “Кеј Вардар“
Жителите на Гостивар гласаа за проектот “Кеј Вардар“ Испечати Е-пошта
1.04.2010.
“Кеј Вардар“ е проектот што го избраа граѓаните во општина Гостивар, на седмата форумска сесија што се одржа на 25 март, во ресторанот “Дедебег“.sedma_sesija_gostivar_-1.jpg

   

  Присутните, со 34 гласа “за“, го избраа овој проект од четирите изработени во текот на изминатите Форуми, и го утврдија како приоритетен за подобрување на нивното секојдневие.
    “Форумот изработи одлични проекти и препораки, и се надевам дека ќе продолжите да го имплементирате овој модел на демократија“, изјави Светлана Миленкова, раководител на Програмата од ЦИРа-организација што ја спроведува програмата во Гостивар.
    Избраниот проект предвидува хортикултурно уредување и модернизирање на десната страна од течението на реката Вардар во општината, и модернизирање и реконструкција на левата страна од Вардар.sedma_sesija_gostivar.jpg
   Носител на овој проект е општината, а партнер Јавното комунално претпријатие.
    Временскиот период за изработка е шест месеци, со вкупен буџет од околу шест милиони и 600 илјади денари. Буџетот на Програмата за општина Гостивар изнесува шест милиони денари, од кои четири милиони се донација на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), а два милиони денари учество на општината.
    Остатокот од средствата за проектот треба да го обезбедат носителот и партнерот.
    Програмата “Форуми во заедницата“ во Гостивар се одржува од октомври, минатата година. Освен Гостивар, во оваа фаза се вклучени и општините Берово, Дебар, Струмица, Могила, Новаци, Радовиш, Конче, Боговиње, Крушево, Гостивар, Аеродром и Македонски Брод.

 
< Претходно   Следно >


Кликнете на јазикот под сликата за соодвената верзија на Билтенот

bilten-mart-2012.jpg
мкд / алб / тур

Кликнете на јазикот под сликата за соодвената верзија на Билтенот

bilten_forumi_vo_zaednicata_noemvri.jpg
мкд / алб / тур

Билтен


Партнери

SDC   zels   FIOOM   CIRA   mcms-logo.jpg   ADI   ALKA