Околу 80 жители на општина Крушево присуствуваа на втората форумска сесија што се одржа во Пензионерскиот дом Крушево на 28 октомври, во рамки на програмата “Форуми во заедницата“.
Вкупно четири групи на проблеми идентификуваа граѓаните на оваа општина, во рамки на главната тема Комунална инфраструктура – Депонии, собирање и транспорт на смет, Водоснабдување и одведување на отпадни/фекални води во општина Крушево, Патна инфраструктура во општината и Урбана инфраструктура.
Претставничката на локалната самоуправа Татјана Хасану објасни за тоа до каде е потребна комунална инфраструктура и што може да предложат граѓаните – изградба и одржување на депонии, изградба и одржување на уличната сообраќајна сигнализација, паркови, зеленила, рекреативни површини, изградба на пазар и друго.
Работните групи, што се формираа согласно поттемите, ќе треба да извршат истражувања и изработат предлог-концепти врз основа на кои ќе се изработат проектите што ќе ги изберат жителите на Крушево за подобрување на нивниот секојдневен живот.
Програмата Форуми во заедницата, освен во Крушево, во оваа фаза се спроведува и во Берово, Дебар, Струмица, Македонски брод, Гостивар, Аеродром, Могила Новаци, Радовиш Конче и Боговиње.
|