Насловна arrow Вклучени општини arrow Вклучени во 2007-2009 arrow Дебар arrow Дебарчани го избраа проектот “Довршување на булеварот Илириа“
Дебарчани го избраа проектот “Довршување на булеварот Илириа“ Испечати Е-пошта
5.12.2009.
“Завршување на булеварот Илириа“ е проектот што го избраа жителите на Дебар на петтата форумска сесија се одржа на 2 декември, во ресторанот “Пенестија“ во општината.

 Вкупно 72 гласа, од 76 присутни учесници на Форумот гласаа за овој проект чија вредност е осум милиони денари, колку што изнесува проектниот фонд за Програмата во општина Дебар.
 Градоначалникот на Дебар Аргетим Фида ги презентираше предлозите на граѓаните кои се прифатени во буџетот за 2010 година, а ги презентираше и предлозите кои не влегоа во буџетот за наредната година.
 Според него, предлозите кои не можат да се реализираат оваа календарска година, ќе бидат приоритет наредната, а за некои ќе се аплицира во странските фондови.
 Некои од предлозите ќе бараат одлука од Советот на општината, некои се предвидени за 2010 година со финансиска поддршка на општината, ИПА фондовите или министерствата, посочи тој на последната форумска сесија.
 Буџетскиот форум, во оваа фаза, освен во Дебар се одржува и во Берово и Струмица. Форумот вклучува дискусии и дебати поврзани со подготовка на општинскиот буџет за наредната година, како тема што е однапред дефинирана.
 Буџетските форуми се спроведуваат во шест форумски сесии, а на последната, последователна сесија треба да се даде отчет за тоа како се спроведени проектите финансирани од општинскиот буџет.

 

 
< Претходно   Следно >


Кликнете на јазикот под сликата за соодвената верзија на Билтенот

bilten-mart-2012.jpg
мкд / алб / тур

Кликнете на јазикот под сликата за соодвената верзија на Билтенот

bilten_forumi_vo_zaednicata_noemvri.jpg
мкд / алб / тур

Билтен


Партнери

SDC   zels   FIOOM   CIRA   mcms-logo.jpg   ADI   ALKA