|
Презентации на приходите и развојни програми |
|
|
|
Monday, 09 November 2009 |
Втората форумска сесија во Струмица се одржа на 15 октомври во Домот на АРМ, во присуство на 73 жители на општината.
Сесијата ги опфати презентациите за остварените приходи на општинскиот буџет по различни основи, како и планираните развојни програми врз основа на кои жителите треба да даваат свои предлози.
Претставникот на секторот за локален економски развој и заштита на животната средина акцент даде на Стратегискиот план за економски развој во Струмичкиот микро регион, донесен во 2006 година од страна на општините Струмица, Василево, Босилово и Ново Село. Жителите се запознаа и со тековните и реализираните проекти, како и идните планирани капитални инвестиции во Струмица.
Учесниците на Форумот активно се вклучија во дискусија по презентациите поставувајќи прашања за присилната наплата на данок на имот, колкав е процентот на наплата во 2009 година на побарувањата по однос на данок на имот, дали се планира изградба на СПА Центарот во Банско, дали со изградба на индустриската зона во Сачево се предвидени бенефиции за инвеститорите, и др.
Вкупниот буџет за општина Струмица изнесува шест милиони денари, од кои два милиони денари се учество на општината, а четири милиони денари се донација на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC).
|