Насловна arrow Вклучени општини arrow Вклучени во 2007-2009 arrow Дебар arrow Презентирани приоритетите на општината
Презентирани приоритетите на општината Испечати Е-пошта
17.10.2009.
Втората форумска сесија во Дебар, се одржа на 15 октомври, во ресторанот Пенестија, во присуство на 117 граѓани од општината.debar_budzetski-5.jpg

Учесниците присуствуваа и дискутираа на генералната презентација на приоритетите на општината за 2010 година и развојните програми, од страна на градоначалникот Аргетим Фида, кој ги посочи и капиталните инвестиции на општината.
Тоа се: Завршување на булеварот Илириа, Средување на патната инфраструктура и тротоари на новата економска зона екс-касарна, Реконструкција на објектите на поранешната касарна за факултет на англиски јазик, Поставување на водомери и мерни вентили по населби, Средување на зградата на противпожарна служба и Уредување на поројот на Вакофската река.
„Јас, како Дебарчанец и активист во невладините организации, сметам дека локалната власт, заедно со граѓаните, ќе ги насочи средствата во проекти што се предложени од локалната самоуправа, но кои имаат и граѓанска поддршка “, посочува Дритан Леши од невладиното здружение “Еден долар за Дебар“.
Според него, програмата “Форуми во заедницата“ им овозможува на граѓаните непосредно да се вклучат во активности со кои се дава прилог во подобро утре на Дебар.debar_budzetski-9.jpg
Развојните програми, презентирани на втората сесија, се:
Изградба на резервоар за вода за пиење за Дебар, Средување на системот за наводнување, Асфалтирање на патот за Бомово, Завршување на вториот слој на патот за Могорче, Уредување на 4000 м2 партер околу градската спортска сала, Уредување на патиштата и паркинзите со зеленило на Дебарското езеро, Уредување на фекалната канализација со систем за напојување до градскиот колектор, Уредување на градскиот пазар и централниот градски, Уредување на главното корзо како пешачка зона со ново јавно осветлување, нов дрворед, нова атмосферска канализација и поплочување со гранит, Уредување и поплочување на тротоарите на улица “Атанас Илиќ“ и улица “Бетон“, Завршување на водоводот во село Могорче и селската мрежа, Фекални канализации во селата Отишани и Џепиште и завршување на водоводот, Уредување на патот за Долно Косоврасти, Уредување на спортскиот полигон во село горно Косоврасти, Уредување на патот на село Бањиште.
„Се надевам дека целта на сесиите од овој проект ќе се реализира“, вели Фардија Мустафовска, наставник од ОУ “Ристе Ристевски“ во село Долно Косоврасти, која учествуваше и во претходниот циклус на форуми на Програмата.
“Сесиите што досега се реализираа покажаа дека треба да се насочат средства и во руралните области, не само во Дебар“, оценува Мустафовска.
Средствата на општината и на SDC, што вкупно изнесуваат осум милиони денари за општина Дебар,  ќе се наменат за реализација на проекти што граѓаните ќе ги утврдат во рамките на еден од проектите од општинскиот буџет.

 

 

 
< Претходно   Следно >

Билтен


Партнери

SDC   zels   FIOOM   CIRA   mcms-logo.jpg   ADI   ALKA