Насловна
Битолчани избраа четири проекти Испечати Е-пошта
15.07.2009.
sliki_btiola-6-naslovna.jpgЖителите на Битола избраа четири проекти на седмата форумска сесија, што во рамки на програмата “Форуми во заедницата“ се одржа на 10 јули во ОУ “Елпида Караманди“, во Битола.

  “Тумбе кафе како културно-историска знаменитост и можност“, “Спортски комплекс во училишниот двор во село Кишава“, “Тумбе кафе - основна инфраструктура“, и “Тумбе кафе како спортско-рекреативен комплекс“ се проектите што Битолчани ги утврдија како приоритетни, чија реализација е со цел подобрување на нивниот секојдневен живот.
  Конечните буџети за проектите изнесуваат - 3.175.640 денари за Тумбе-кафе како културно-историска знаменитост, 964.273 денари за спортскиот комплекс во Кишава, 1.193.486 денари за основна инфраструктура во Тумбе кафе и 3.276.280 денари за спортски комплекс, исто така во Тумбе кафе.
  Вкупно 51 граѓани, во рамки на своите работни маси,  гласаа за овие проекти кои се финансираат со шест милиони денари, од кои два милиони денари се учество на општината, а четири милиони донација на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC).
  Во врска со петтиот предлог-проект „Подобрување на јавните комунални услуги во населбата Довлеџик“, членовите на Програмскиот одбор не го поддржаа поради нерешени имотно-правни односи на дел од локацијата.
  Освен Битола, во оваа фаза на Програмата Форумите се одржуваат и во Берово, Свети Николе, Ресен, Кочани, Ново Село, Сарај и Долнени.

 
Следно >
Насловни
  • Pause
  • Previous
  • Next
1/8
 
Caska 6
Проект: Проект „Улици и патишта“

Календар на активности

мај
пвсчпсн
010203040506
07080910111213
14151617181920
21222324252627
28293031

Брошура


Најави за настани

Моментално нема најави за настани

Кликнете на јазикот под сликата за соодвената верзија на Билтенот

bilten-mart-2012.jpg
мкд / алб / тур

Кликнете на јазикот под сликата за соодвената верзија на Билтенот

bilten_forumi_vo_zaednicata_noemvri.jpg
мкд / алб / тур

Билтен


Партнери

SDC   zels   FIOOM   CIRA   mcms-logo.jpg   ADI   ALKA