Në fillim arrow Lajmërime arrow Shpallje Arkiva arrow ОГЛАС за избор на комодератор
ОГЛАС за избор на комодератор Printoni E-mail
e enjte , 27 gusht 2009

   Програмата „Форуми во заедницата“, што во период 2009/2010 година се спроведува во 12 нови општини – Аеродром, Берово, Радовиш, Конче, Крушево, Струмица, Дебар, Могила, Новаци, Гостивар, Македонски Брод и Боговиње, распишува оглас за КОМОДЕРАТОР-и за потребите на Форумите.
   Комодераторот ќе биде ангажиран за период од осум месеци, 10 работни дена во месецот, со флексибилно работно време.
   Комодераторот е помошник на модераторот на форумот и раководител на оперативната група. Оперативната група е составена од 5-7 членови и е одговорна за техничката организација на сесиите.

   Задачи, одговорности и очекувани резултати:
 Раководење и координирање со Оперативната група;
 Организирање на сесиите, вклучително и регрутација на учесници на форумот;
 Организирање и ко-модерирање на состаноците помеѓу сесиите;
 Техничка подготовка на сесиите (сала, постери, опрема);
 Координирање на активностите за односи со јавноста на локално ниво;
 Подготовка и чување на документите за и од форумските сесии и работата помеѓу сесиите (записник, листи на учесници, покани и сл.);
 Учество на обуки организирани од страна на ЕКФ, ФИООМ, ЦИРа, МЦМС, Алка, АДИ и СДЦ;
 Помош на модераторот при водењето на сесиите;
 Подготовка на месечни извештаи.

Повеќе информации заинтересираните кандидати може да добијат на WEB страниците на наведените општини и спроведувачки организации.

 
< I mëparshmi   Tjetri >


Кликнете на јазикот под сликата за соодвената верзија на Билтенот

bilten-mart-2012.jpg
мкд / алб / тур

Кликнете на јазикот под сликата за соодвената верзија на Билтенот

bilten_forumi_vo_zaednicata_noemvri.jpg
мкд / алб / тур

Bilten


Партнери

SDC   zels   FIOOM   CIRA   mcms-logo.jpg   ADI   ALKA