Насловна arrow Огласи arrow Огласи Архива arrow ОГЛАС за општините за спроведување на БУЏЕТСКИ ФОРУМ во текот на 2009 и 2010 година
ОГЛАС за општините за спроведување на БУЏЕТСКИ ФОРУМ во текот на 2009 и 2010 година Испечати Е-пошта
27.05.2009.
Програмата има за цел да го поддржи партиципативниот развој на заедниците на локално ниво преку организирање на шест форумски сесии и последователно спроведување на проектите од форумските сесии преку соодветен фонд на средства. Форумот претставува платформа за развој која има за цел: (1) граѓаните да го подобрат сопствениот живот со сопствените идеи и учество и 2) администрацијата да развие партиципативно и одговорно локално владеење на коешто ќе му се верува.

Конкретните цели на Програмата „Форуми во заедницата“ се:
- да ги вклучи граѓаните во локалното владеење;
- создавање партнерства меѓу локалните засегнати страни;
- подобрување на капацитетот на локалната заедница за развивање проекти;
- подобрување на капацитетот на локалната администрација во однос на децентрализацијата;
- конкретно подобрување на локалната социоекономска средина;

Право на учество имаат само општините во Република Македонија кои веќе учествувале во програмата - Кичево, Ѓорче Петров, Прилеп, Струмица, Чашка, Карбинци, Чаир, Дебар, Кочани, Ново Село, Битола, Ресен, Берово, Свети Николе, Сарај, Долнени и кои ќе ги исполнат условите на конкурсот.

Целосната апликација заедно со упатството за пријавување треба да се преземе од на Програмата „Форуми во заедницата“: www.forumivozaednicata.com.mk или од вебсајтот на ЗЕЛС: www.zels.org.mk.

Правилно пополнетите формулари за пријавување со сите придружни документи треба да се достават до Единицата за координација на Форумите на долунаведената адреса по пошта или доставувач.

Единица за координација на форумите
Ул. „Вељко Влаховиќ“ бр, 22а-1/2,
1000 Скопје, Република Македонија

Рокот за пријавување е 30 јуни 2009 година. За дополнителни информации обратете се на Цветанка Гирова, Координатор за програма и финансии (тел. + 389 2 3119 106).


Формулар за општините (.doc 470kb)
 
< Претходно   Следно >

Билтен


Партнери

SDC   zels   FIOOM   CIRA   mcms-logo.jpg   ADI   ALKA