| Петта сесија во Битола |
|
|
| 29.04.2009. | |
|
Петтата форумска сесија во Битола се одржа на 24 април во ОУ “Елпида Караманди“ во присуство на околу 50 жители, кои во рамки на програмата “Форуми во заедницата“, со сопствени идеи и учество придонесуваат за подобрување на секојдневниот живот во општината.
Целта на петтата форумска сесија беше презентација на петте предлог-проекти изработени од граѓаните, согласност за нивно доработување, а во наредните сесии и одредување на приоритетните кои практично ќе се реализираат со помош на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), во соработка со општината.
Првиот презентиран предлог-проект беше “Амбиетално уредување на училишниот двор во с. Кишава“, што го презентираше претставничката на работната група Амиде Џемал. Таа појасни дека со овој проект би се олесниле условите во образованието, не само за децата од селото Кишава, туку и за сите деца од околните села. Следеше презентација на вториот проект “Подобрување на комуналните услуги во населба Довлеџик“ за кој говореа и претставници од локалната самоуправа, и појаснија дека за овој проект веќе се ангажирала општината. Третиот, четвртиот и петтиот предлог-проект се однесуваа на Тумбе кафе, и тоа едниот за културно-историска знаменитост и можност, другиот за основната инфраструктура и третиот за спортско-рекреативен комплекс. На оваа тема говореа претставници од локалната самоуправа, архитекти, инженери и ученици, по што како и за претходните, беше изгласано овој проект да продолжи да се доработува. Наредната, шеста форумска сесија, ќе се одржи на 30 мај. |
| < Претходно | Следно > |
|---|
Проектот за замена на прозорците во три училишта и една градинка во општина Аеродром, што го избраа граѓаните во рамки на програмата “Форуми во заедницата“, започна да се реализира на 18 август (среда).
Реконструираниот дел на улицата “Маршал Тито“ во Берово, проект што го избраа жителите на општината во рамки на програмата “Форуми во заедницата“, беше пуштен во употреба в понеделник (23 август), во присуство на бројни граѓани.
„Техничка опрема за одржување на канализационата мрежа“ е проектот што го избраа жителите на Радовиш и Конче, на седмиот Форум што се одржа на 25 март, во ресторанот “Шампион“ во Радовиш.
“Покривање и уредување на градскиот пазар во Крушево“ е проектот што го избраа жителите на Крушево како приоритетен во решавањето на проблемите од нивниот секојдневен живот.
Изградба на отворен амфитеатар-летна сцена, проект во рамки на општинската програма Културни манифестации, доби најголем број на гласови на петтата форумска сесија, што денеска се одржа во Домот на АРМ во Струмица, во присуство на околу 70 жители.
“Активно јавно претпријатие на Могила и Новаци“ е проектот што го избраа жителите на овие две општини во рамки на програмата “Форуми во заедницата“ и првиот меѓуопштински Форум што се одржа во двете општини.
“Кеј Вардар“ е проектот што го избраа граѓаните во општина Гостивар, на седмата форумска сесија што се одржа на 25 март, во ресторанот “Дедебег“.
Форумот во Македонски Брод, во рамки на програмата "Форуми во заедницата ", по седми пат се одржа на 7. април во салата на ОУ "Св.Климент Охридски", во присуство на 75 жители на општината.
„Изградба на тротоар по должината на регионалниот пат Скендербег“ и “Снабдување со превозно средство (камион) за превоз на отпадоци“ се двата проекти што ќе се реализираат во општина Боговиње, во рамки на програмата “Форуми во заедницата“.