Насловна
Трета сесија во Битола Испечати Е-пошта
18.02.2009.
   На третата форумска сесија, што се одржа во ОУ “Елпида Караманди“, присуствуваа околу 80 граѓани кои ги изнесоа своите презентации во однос на проблемите кои тие ги сметаа за приоритетни.treta_sesija_bitola.jpg
   На сесијата имаше можност да се видат и чујат три навистина добри презентации направени токму од граѓаните, во рамки на програмата “Форуми во заедницата“.
    Првата се однесуваше за туристичката промоција на општина Битола за која граѓаните сметаат дека е недоволна, и оти во иднина би требало да се поработи на подобро туристичко претставување на општината. Тука, како главни проблеми се издвоија - недоволни туристички капацитети, немање на летна сцена на Тумбе Кафе, непочитување на делото на Браќа Манаки како и неразвиена инфраструктура на Тумбе Кафе.
    Втората презентација беше за недоволните капацитети за спорт и рекреација каде повеќе внимание би требало да се посвети на паркови за деца, санирање на игралишта, повеке затворени спортски објекти во градот, итн.treta_sesija_bitola-1.jpg
  Третата презентација односно проблем, што Форумот го утврди како приоритетен, беа незадоволителните комунални и јавни услуги каде акцентот се стави на подобрување на главната водоводна мрежа и асфалтирање на патишта во руралните средини.
    На третата форумска сесија беа договорени и работните групи согласно проблемите, а на следната, четврта сесија, се очекува да се направи селекција на проектите за што ќе помогне и деталната анализа на проблемите, што граѓаните ќе ја изработат и презентираат.
    Програмата Форуми во заедницата, освен во општина Битола, во новиот циклус се одвива и во седум други општини - Ресен, Ново Село, Берово, Свети Николе, Кочани, Долнени и Сарај.
    На третата форумска сесија, што се одржа во ОУ “Елпида Караманди“, присуствуваа околу 80 граѓани кои ги изнесоа своите презентации во однос на проблемите кои тие ги сметаа за приоритетни.

 
< Претходно   Следно >
Насловни
  • Pause
  • Previous
  • Next
1/8
 
Cair-ekovita_7
Проект: Kорпи за отпадоци за неколку населби

Календар на активности

мај
пвсчпсн
010203040506
07080910111213
14151617181920
21222324252627
28293031

Брошура


Најави за настани

Моментално нема најави за настани

Кликнете на јазикот под сликата за соодвената верзија на Билтенот

bilten-mart-2012.jpg
мкд / алб / тур

Кликнете на јазикот под сликата за соодвената верзија на Билтенот

bilten_forumi_vo_zaednicata_noemvri.jpg
мкд / алб / тур

Билтен


Партнери

SDC   zels   FIOOM   CIRA   mcms-logo.jpg   ADI   ALKA