Në fillim arrow Lajmërime
Lajmërime
Оглас за ко-модератор Printoni E-mail
e enjte , 12 prill 2012
Програмата „Форуми во заедницата“, што во период 2012/13 година се спроведува во 10 нови општини – Делчево, Пехчево, Желино, Карпош, Липково, Гази Баба, Осломеј, Зајас, Валандово и Неготино, распишува оглас за КО-МОДЕРАТОР-и за потребите на Форумите.




Ко-модераторот е помошник на модераторот на форумот и раководител на оперативната група.
Lexoni përmbajtjen...
 
Оглас за општините за спроведување меѓуопштински форум во текот на 2012 и 2013 година Printoni E-mail
e enjte , 08 mars 2012
Програмата „Форуми во заедницата“ поддржана од Швајцарската агенција за развој и соработка заедно со ЗЕЛС објавува



ОГЛАС
за општините
за спроведување на МЕЃУОПШТИНСКИ ФОРУМ во текот на 2012 и 2013 година




Програмата има за цел да го поддржи партиципативниот развој на заедниците на локално ниво преку организирање на шест форумски сесии и последователно спроведување на проектите од форумските сесии преку соодветен фонд на средства. Форумот претставува платформа за развој која има за цел: (1) граѓаните да го подобрат сопствениот живот со сопствените идеи и учество и 2) администрацијата да развие партиципативно и одговорно локално владеење на коешто ќе му се верува.

Конкретните цели на Програмата „Форуми во заедницата“ се:
  • да ги вклучи граѓаните во локалното владеење;
  • создавање партнерства меѓу локалните засегнати страни; 
  • подобрување на капацитетот на локалната заедница за развивање проекти; 
  • подобрување на капацитетот на локалната администрација во однос на децентрализацијата; 
  • конкретно подобрување на локалната социоекономска средина;

Право на учество имаат сите општини во Република Македонија кои досега не учествувале во програмата и кои ќе ги исполнат условите на конкурсот.



Правилно пополнетите формулари за пријавување со сите придружни документи треба да се достават до Единицата за координација на Форумите на долунаведената адреса по пошта или доставувач.


- Информации за програмата и упатство за пријавување на Општините за Меѓуопштински форум (.pdf)
- Формулар за пријавување за Општини (.doc)



Единица за координација на форумите
ул. „Вељко Влаховиќ“ бр, 22а-1/2,
1000 Скопје, Република Македонија

Рокот за пријавување е 10 април 2012 година. За дополнителни информации обратете се кај Ирена Спирковска, координатор за односи со јавност и програма (тел. + 389 2 3119 106).
 


Кликнете на јазикот под сликата за соодвената верзија на Билтенот

bilten-mart-2012.jpg
мкд / алб / тур

Кликнете на јазикот под сликата за соодвената верзија на Билтенот

bilten_forumi_vo_zaednicata_noemvri.jpg
мкд / алб / тур

Bilten


Партнери

SDC   zels   FIOOM   CIRA   mcms-logo.jpg   ADI   ALKA